Пејсерс и натаму го диктираат темпото, Тандер ги следи во чекор
03.03.2014 08:42
Индијана лесно се справи со Јута и ја заокружи серијата од 5 победи, односно 7 триумфи во последните 10 одиграни натпревари. Дејвид Вест постигна 25 поени, Пол Џорџ додаде 22 за тесниот, но очекуван триумф против Џез (94:91).
Оклахома Сити славеше против Шарлот (116:99) зад 26-те поени на Расел Вестбрук, кој што имаше 10/12 од поле за 25 минути игра, во 5-тиот натпревар по операцијата на десното колено. Дјурант постигна 28 поени со учинок 8/24 од поле, ги реализира сите 12 слободни фрлања, а патем имаше и 6 скока со 5 асистенции.

Сан Антонио победи во тексашката пресметка со Далас (112:106), во првиот меч во комплетен состав по подолго време во тековната сезона. Паркер, кој што се појави на паркетот по 6 меча пауза, ги предводеше домашните со 22 поена и со 7 додавања. Французинот имаше учинок 10/15 од поле, со само 1 загубена топка за 32 минути игра.
Со одлука на тренерот, Перо Антиќ не настапи во поразот на Атланта кај Феникс (129:120). Во победата со најмногу поени во синоќешната НБА понуда, Санс постигнаа најмногу поени на еден натпревар, најмногу поени и асистенции во едно полувреме и најмногу тројки на еден натпревар сезонава.
Во двобојот на аутсајдерите во тековното првенство, Орландо ја совлада екипата на Филаделфија (92:81).