„Македонски манифест“: Иванов да иницира правна процедура во ООН за одбрана на уставното име

27.12.2018 14:36

Здружението „Македонски манифест“ бара од шефот на државата Иванов да иницира правна процедура во ООН за одбрана на уставното име и негово признавање. Според иницијаторите, со промената на името, власта и Парламентот вршат идентитески геноцид на македонскиот народ. Здружението собира потписи кои што со петицијата ќе бидат доставени до претседателот Иванов...

„Македонски манифест“ бара претседателот Иванов да почне правна поцедура во Обединетите нации за одбрана на уставното име на Република Македонија. Преку петиција се собираат потписи кои ќе бидат доставени до шефот на државата. Според Македонскиот манифест, ова е последен обид да се спаси уставното име на земјава.

Според Ефтим Клетников, со промената на името власта и Парламентот вршат идентитетски геноцид на македонскиот народ. Тој побара од претседателот Иванов итно да почне процедура за признавање на уставното име на Македонија.

Од „Македонски манифест“ велат дека потписи ќе се собираат низ целата државата и очекуваат голема поддршка од граѓаните.

 

Викторија Милевска