АМС со две нови кампањи ќе ја подига свеста кај младите
Со две нови кампањи, Агенцијата за млади и спорт ќе ја подига свеста кај младите. Министерот Спасовски очекува превенцијата да даде резултат идната година. Анализите на МВР покажуваат дека бројот на смртни случаи годинава е најмал споредено со претходните години...

Со кампањите насловени како „Насилството раѓа насилство“ и „Не пиј додека возиш“ Агенцијата за млади и спорт ќе ја подига свеста кај младите дека алкохолот и непочитувањето на сообраќајните прописи ја загрозува безбедноста, а говорот на омраза може да предизвика психички последици.
Според министерот Спасовски, министерството работи на превенирање на насилството, надминување на стеротипите и предрасудите кај младите. Спасовски очекува превенцијата да даде резултати наредната година.
Според податоците, во 2017-та во сообраќајни несреќи имало 155 смртни случаи од кои 30 проценти биле млади до 26 годишна возраст. Годинава, споредено, бројката на сообраќајки била најниска.
Дијана Ценевска
