Шврговски: Очекуваме Мијалков да биде ослободен од притвор

27.12.2018 15:02

Адвокатот Шврговски очекува Мијалков да го напушти Истражниот затвор во Шутка. Понудена е гаранција во имот од милион евра.

Откако Специјалното јавно обвинителство побарало за дел од осомничените во случајот „Империја“ притворот да биде заменет со поблага мерка- домашен притвор, се огласи и адвокатот на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, кој исто така е опфатен во овој предмет.

Шврговски очекува Мијалков да го напушти Истражниот затвор во Шутка. Понудена е гаранција во имот од милион евра.

„Кога се нуди гаранција, истата се нуди за бранење од слобода, а не за куќен притвор. Каков ќе биде ставот на Обвинителството не знам, но очекуваме целосно да биде ослободен. Во секој случај подобро куќен притвор, отколку затворски. Условите дома и во затвор не се исти, во секој случај е многу подобро“, рече Шврговски.

Кривичниот суд претходно извести дека досега не е донесена ниту една одлука за укинување или преиначување на претходно определените мерки за осомничените во „Империја“.