Образование

Современ бизнис- акцелератор на Факултетот за информатички технологии во Битола

27.12.2018 15:19

На Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Битолскиот универзитет ќе се формира голем и современ бизнис- акцелератор. Ќе поддржува млади ИТ компании. Се очекува отворање нови работни места...

Битола, преку Факултетот за информатички и комуникациски технологии во иницијатива, полека но сигурно да прерасне во „Силиконска долина“, односно место каде сѐ повеќе ќе се концентрираат информатички компании. Преку проектот  „Емплојут“, од програмата за погранична соработка со Грција, наменет за вработување на млади лица до 35 години, обезбедени се 250.000 евра. Половината од средствата се наменети за инфраструктурни вложувања. По нова година започнува градбата на вториот кат од објектот кој важи за најсовремен во земјава за информатичко образование.

„Новиот кат е наменет за бизнис акцелераторот кој ќе поддржи основање на нови технолошки базирани бизниси и нови вработувања на простор од над 1.000 метри квадратни и мислам во Македонија ќе биде најголемиот ИТ бизнис- акцелератор“, вели деканот на ФИК, Игор Неделковски.

Универзитетот многу често аплицира на ваквите погранични програми, затоа што тоа свеж капитал без кој самите не можеме да ги покренеме работите, вели ректорот Коруновски.

„Свесни сме дека пред нас стои една голема задача, да направиме еден од најголемите центри по примерот на европските и за акцелерација и инкубација на фирми, и да им помогнеме на младите, иако за странски фирми, тука да работаат“, вели ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски.

Во инфотматичката индустрија личниот доход е солиден, а таа претставува еден отворен простор за меѓународен развој на бизнисот, порачаа при денешното доделување на дипломите на дипломираните и магистрирани студенти на овој факултет.

Стевче Митревски