ОБСЕ со мисија во Украина

03.03.2014 08:47

Членките на НАТО по состанокот во Брисел за состојбата во Украина апелираа до двете страни да дојдат до мирно решение по пат на дијалог...

Германската влада вели дека претседателот на Русија, Владимир Путин го прифатил предлогот на канцеларката Ангела Меркел за основање мисија за откривање податоци која што би ја водела ОБСЕ, со цел да се почне политички дијалог.

Членките на НАТО по состанокот во Брисел за состојбата во Украина апелираа до двете страни да дојдат до мирно решение по пат на дијалог. Вашингтон пак доби поддршка од членките на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) за испраќање набљудувачка мисија во Украина којашто би помогнала во решавање на кризата.

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на покана на високата претсетавничка за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон денеска во Брисел ќе расправаат за состојбата во Украина.

Ештон најави дека в среда ќе отпатува во киев каде што ќе се сретне со претставници на украинската преодна влада.