Град Скопје ги награди најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител за 2018-та

27.12.2018 15:34

Традиционално доделени наградите на најдобар пожарникар, полициски службеник и крводарител во 2018-та година. Од Град Скопје велат - хуманоста е општествена вредност...

Најдобриот пожарникар за годинава е Елвис Далипи. Во изминатите десет години има интервенирано при над 50 огнени стихии. Бранимир Китановиќ, вработен во Одделението за безбедност на патниот сообраќај е избран за најдобар полицаец. За него, признанието е за целата единица која работела како тим. Тони Ставревски, пак, е истакнат крводарител кој до својата 50 година над 100 пати дарувал од скапоцената течност.

Хуманоста е општествена вредност. Таа е дел од нашите принципи и етика. Скопје е град на солидарноста и ги негува традициите на хуманост и солидарност кон сите оние на кои им е потребна помош, рече градоначалникот Шилегов.

Оваа награда нека послужи како лична мотивација и добар пример во средината во која живеете и работите, рече градоначалникот Шилегов.

 

Александра Спировска