Амнестирани 12 лица за „27-ми април“, меѓу нив и петтемина пратеници
Досега 12 лица обвинети за собраниските настани од 27-ми април имаат добиено решение за амнестија, согласно Законот за амнестија...

Досега 12 лица обвинети за собраниските настани на 27-ми април се амнестирани. Меѓу нив се и петте пратеници.
Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Елена Божиновска и Иван Цветановски, обвинетиот Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски, Илија Славевски, Јохан Тарчуловски се оние кои добија милост од државата, изјави вчера за „24 анализа“ претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.
Јавното обвинителство соопшти дека се доставени вкупно 66 барања за амнестија. Од нив во Oсновното Jавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнале 29 барања, а во скопското Jавно обвинителство 37.
Обвинителството не е врзано со рок за произнесување по барањата за помилување.
