МРТ
74 години од основањето на јавниот сервис
28.12.2018 11:20
28-ми декември 1944-та година се смета за официјален почеток на функционирањето на Македонската радио- телевизија...

28-ми декември 1944-та година е основано Македонското радио. Овој датум се смета и за официјален почеток на функционирањето на Македонската радио- телевизија.
Пред 54 години Телевизија Скопје во зградата во Нерези го емитуваше првиот телевизиски Дневник.
Од 1993-та националниот јавен сервис е активен член на Европската радиодифузна мрежа. МРТ денес емитува програма на девет јазици.
По повод годишнината, во посета на Македонската радио- телевизија ќе престојува и претседателот на Владата, Зоран Заев.
