Џакарта

Земјотрес од 5,8 степени во Западна Папуа

28.12.2018 11:31

Засега нема информации за материјална штета и евентуални жртви, а според индонезиската метеоролошка служба нема потенцијал за цунами.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја потресе источната индонезиска провинција Западна Папуа. Засега нема информации за материјална штета и евентуални жртви, а според индонезиската метеоролошка служба нема потенцијал за цунами.

Земјотресот предизвика паника кај населението една недела по смртоносното цунами во западниот дел на индонезискиот архипелаг, во кое загинаа најмалку 430 лица.

Властите во Индонезија го зголемија степенот на опасност од вулканот Анак Кракатау, чија ерупција го предизвика потресот во саботата, по што над 400 лица загинаа на островите Јава и Суматра.