Лондон

Корбин: Предвремените избори се прашање на време

28.12.2018 11:48

Во интервју за весникот „Индипендент“ Корбин изјави дека таквиот исход ќе биде неизбежен доколку премиерката Тереза Меј не ја добие поддршката од Парламентот за својата политика околу прашањето за Брегзит.

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин смета дека е прашање на време кога неговата партија ќе спроведе гласање за недоверба на владата, со цел да се обиде да предизвика предвремени избори.

Во интервју за весникот „Индипендент“ Корбин изјави дека таквиот исход ќе биде неизбежен доколку премиерката Тереза Меј не ја добие поддршката од Парламентот за својата политика околу прашањето за Брегзит.

Следните редовни избори се во 2022 година, но може да има и предвремени доколу Меј не успее да ја спроведе својата најважна политика во Парламентот.