Економија

Македонија на 68 место на листата на „Форбс“ на најдобри земји за бизнис

28.12.2018 12:12

Ниските даночни стапки и слободните економски зони помогнаа да се привлечат странски инвестиции, но тоа е се уште на ниско ниво во однос на остатокот од Европа, се вели во извештајот.

Македонија е рангирана на 68 место на листата на „Форбс“ за водење бизнис. Од независноста во 1991-ва година, државата постигна напредок во либерализацијата на економијата и подобрување на деловното опкружување. Ниските даночни стапки и слободните економски зони помогнаа да се привлечат странски инвестиции, но тоа е се уште на ниско ниво во однос на остатокот од Европа, се вели во извештајот.

Во последните две години, внатрешната политичка криза ги намали економските перформанси, забавен е растот на БДП, намалени се домашните приватни и јавни инвестиции.

Во 2017-та јавниот долг се стабилизира на околу 47 насто од БДП, но сѐ уште е релативно низок во споредба со соседите, оценува „Форбс“.

Листата на „Форбс“, втора година по ред ја предводи Велика Британија, која е единствена држава меѓу првите 30, што имала најдобри резултати во 15 области кои се мерени. На второ место е Шведска, а на трето Хонг Конг.

Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Словенија на 31 место. Зад Македонија се Црна Гора на 72, Албанија на 74 и Босна и Херцеговина на 98 место.