Апелациски суд Скопје
Укинат притворот на Јанакиески, Божиновски, Јосифовиќ и Арсовска
28.12.2018 12:16
Четворицата одат во домашен притвор, соопшти скопска Апелација. Оттаму велат дека одлуката е донесена на денешната нејавна седница, откако претходно од страна на обвинетите бил повлечен предлогот за одржување јавна седница...

Укината е мерката притвор за Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска. Четворицата одат во домашен притвор, соопшти скопска Апелација.
Оттаму велат дека одлуката е донесена на денешната нејавна седница, откако претходно од страна на обвинетите бил повлечен предлогот за одржување јавна седница.
За обвинетите е изречена и мерка на претпазливост, односно привремено одземање патна и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
