Кривичниот суд го објави писмото на амбасадорот Бејли

28.12.2018 12:20

Изминативе седмици на моите колеги и мене во повеќе наврати ни беше кажано дека судии наводно, припишувале одлуки донесени во тековни судски предмети, истраги и притвори по „инструкции од мерикнаците“. Ништо не би можело да биде подалеку од вистината- наведува во писмото Бејли.

Кривичниот суд го објави писмото на американскиот амбасадор Бејли во кое изразува загриженост поради гласините дека се носеле одлуки и притвори како што се вели, по „инструкции на САД“.

Изминативе седмици на моите колеги и мене во повеќе наврати ни беше кажано дека судии наводно, припишувале одлуки донесени во тековни судски предмети, истраги и притвори по „инструкции од мерикнаците“. Ништо не би можело да биде подалеку од вистината- наведува во писмото Бејли.

Соединетите Држави продолжуваат и се залагаат за независност на македонското судство. Ние веруваме дека судиите треба да носат одлуки врз основа на важечки закони и дозволени докази, а не врз основа на било какви политички проценки или интервенции од некоја политичка или владина личност. Тоа е наша конзистентна порака, јавно и приватно.

Длабоко сум вознемирен од ваквите постојани лажни гласини, со оглед на нашата посветеност за независно судство- стои во писмото од амбасадорот Бејли.