Утврдена „трихинелоза“ кај дивите свињи во Македонија
Трихинелозата е паразитарно заразно заболување кое може да се пренесе од животните на луѓето поради што, ако се забележи кај животните, треба задолжително да се пријави.

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека е утврдена болеста „трихинелоза“ кај дивите свињи на територијата на речиси целата држава. Оваа болест ја има во регионот, но граѓаните не треба да бидат загрижени бидејќи месото во продавниците е безбедно- тврдат од Агенцијата.
Утврдено е присуство на „трихинелоза“ во Радовиш, Кривопаланечко, Валандово, Битола и Струмичко. Во двете ловни сезони 2017/2018 и 2018/2019 лабораториски се испитани 594 примероци од диви свињи од кои 13 се позитивни, информира директорот на АХВ, Зоран Атанасов.
Трихинелозата е паразитарно заразно заболување кое може да се пренесе од животните на луѓето поради што, ако се забележи кај животните, треба задолжително да се пријави.
Најчести причини за појава на болеста кај луѓето е конзумирање сурово или недоволно термички обработено месо или месни производи од домашни свињи, коњи, дивеч, мечки кои се заразени со ларвите на „трихинелоза“.
Се препорачува термичка обработка на месото од дива свиња од најмалку една минута на 60 степени.
