Метео: За новогодишната ноќ локални врнежи од снег
28.12.2018 14:27
Во недела кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег на пониските и само од снег на повисоките места и на планините.

До недела ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на магла по одделни котлини. Утре ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.
Во недела кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег на пониските и само од снег на повисоките места и на планините.
За време на новогодишната ноќ ќе дува северен ветер и ќе има слаби локални врнежи од снег.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
