Спасовски: Наскоро се ќе објават сите детали за бегството на Груевски
Министерот за внатрешни Спасовски наскоро најавува детали за бегството на експремиерот Груевски во Унгарија. Вели дека затаиле институциите. Полицијата четири дена не добила официјално известување по донесувањето на упатниот акт за притвор. Тврди дека информацијата за бегството на Груевски ја слушнале од медиумите...

Наскоро се ќе објават сите детали за бегството на Никола Груевски, најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на брифинг во новинарите. Вели- едно е јасно, полицијата четири дена не добила официјално известување по донесувањето на упатниот акт за притвор.
Информацијата за бегството на Груевски ја слушнале од медиумите, рече Спасовски. Според него, затаиле банките, судот, обвинителството. Банките, бидејќи имаат законска обврска да ја известат Управата за финансиско разузнавање за вадењето поголеми суму пари, а тоа како што вели Спасовски, не го сториле тоа. Ниту судот, ниту обвинителството не побарале дополнителни дејствија од МВР, рече Спасовски.
Не откривајќи детали, тој потенцира дека би имало одговорност и за полицијата на границите, доколку Груевски легално ја поминал границата. Посочувајќи дека е намалена довербата во СЈО поради тоа што се случува со процесите, Спасовски на новинарите им прочита дел од судското решение кое се однесува на обврските на полицијата во врска со куќниот притвор на Камчев и Панделевски. Судот навел дека полицијата ќе врши ненајавени контроли неколкупати во денот.
Ресорниот министер најави и „проветрување“ на полицијата во 2019-та. Ќе се остварува со помош на ОБСЕ, транспарентно преку преглед на личното досие на полицаецот, имотната состојба, каква била кога се вработил и каква е во моментот, дали освен полициската служба има и фирми, удели, акции и друго.
Освен тоа, ќе се согледува напредувањето во кариерата. Тоа ќе го прават комисии со надворешни експерти, бидејќи внтрешната контрола има поинакви задолженија, вели Спасовски.
Тој најави законски измени за зголемување на заштитата на полицајците. Изградбата на нова модерна зграда за кримтехника во кругот на МВР и нов центар за странци поради застареноста на објектите.
Во септември ќе има зголемување за 5 проценти на платите на сите вработени.
Фиљана Кока
