КОСОВО
Тачи го потпиша указот за законите за војската
28.12.2018 14:53
Им се заблагодари на Соединетите Американски Држави и на сите сојузници кои го поддржаа процесот.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи го потпиша указот за трите закони за трансформација на безбедносните сили (ФСК) во војска. Им се заблагодари на Соединетите Американски Држави и на сите сојузници кои го поддржаа процесот.
Законите за Министерството за одбрана и за војската беа усвоени со гласовите на сите пратеници во Собранието, со исклучок на партијата „Српска листа“ на косовските Срби.
