Влада на РМ: Иванов остана доследен на определбата да ги дели граѓаните

28.12.2018 15:03

Наместо да го прочита Договорот од Преспа и да ги поддржи гаранциите за идентитетот и за просперитетот што ги нуди договорот, тој продолжува да шири невистини и омрази- велат од Валдата.

Претседателот Иванов со своето обраќање во Собранието докажа дека останува доследен само на својата определба да продолжи да ги дели граѓаните- реакција од Владата. Наместо да го прочита Договорот од Преспа и да ги поддржи гаранциите за идентитетот и за просперитетот што ги нуди договорот, тој продолжува да шири невистини и омрази- велат од Валдата.

Иванов си оди. Тој не успеа и нема да успее да ги попречи интеграциите, напредокот и пријателствата што ги гради Република Македонија. Иванов може да зборува само за еден единствен неуспех- сопствениот, стои во реакцијата од Владата на обраќањето на претседателот Иванов во Собранието.