Нова публикациja на ЗНМ

Опаѓа бројот на тужби за навреда и клевета против новинари и медиуми

28.12.2018 15:33

„Навредата и клеветата као дел од медиумските реформи“ е насловена публикацијата изработена од Здружението на новинари на Македонија со помош на Европската унија. Бројот на активни тужби за навреда и клевета против новинари и медиуми постојано опаѓа, со висока стапка на успех во решавањето на случаите во полза на тужените новинари и медиуми, велат од ЗНМ...

Тужбите за клевета поседуваат огромен потенцијал за вршење притисок врз новинарите и медиумите, за нивно замолчување или за да се спречи јавна дебата за одредена тема, оценува Здружението на новинарите на Македонија.

Претставен документ, насловен „Навредата и клеветата како дел од медиумските реформи“. Дава преглед за периодот од 2012-та година досега.

Навредата и клеветата добија значајно место и простор и во клучните меѓународни документи што ги идентификуваат приоритетните реформи, кои треба да придонесат за обновување на владеењето на правото, посочуваат од ЗНМ.

 

Александра Спировска