Реакции за обраќањето на Иванов
За мнозинство, добро е што иванов заминува од функцијата, за опозицијата ова беше говор на конзистентен политичар што држи до своите ставови. Од Владата велат дека шефот на државата продолжува да шири невистини и омрази...

За ВМРО- ДПМНЕ претседателот Иванов дава одлика на конзистентен политичар кој држи до своите ставови и не одстапува од нив. Загрижени се од констатацијата на Иванов дека тој, неговото семејство и соработниците се прислушувани, што создава правна и политичка несигурност.
За владеачките партии добра вест е што на Иванов ова обраќање во Собранието му е последно. Социјал- демократите сметаат дека функцијата ја извршувал недостоинствено и на штета на граѓаните. Велат дека е против интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО, а со тоа што не го потпишал Законот за јазиците застанал против концептот „Едно општество за сите“.
ДУИ кусо коментираат дека добро е што Иванов завршува со претседателската функција.
Иванов може да зборува само за еден единствен неуспех- сопствениот, неуспехот на неговиот мандат. Со сите свои постапки Иванов сакаше да го запре просперитетот, но не успеа.
Пишува во реакцијата од Владата на говорот на шефот на државата. Иванов не верува во сопствената земја и сопствениот народ, а за да го прикрие тоа конструира измислици дека е жртва на некакви активности против него без никаква основа. Зборува само за темнина- јазли, поништувања, негирања, пандорини кутии.
Миле Ристески
