Свет

Трамп демонстративно напушти средба со демократите

10.01.2019 12:38

Уште еден неуспешен обид за прекин на блокадата на владата во САД. Претседателот Трамп го прекина состанокот со лидерите на демократите кои одбиваат да го финансираат граничниот ѕид со Мексико. Трамп се закани дека ќе собере пари преку вонредни мерки за кои има овластување...

Откако го прекина состанокот со демократските челници во Белата куќа посветен на финансисрањето на ѕидот на мексиканската граница, американскиот претседател Донадл Трамп реши и да замине на југот, лично да ја види лично состојбата на преминот. Претходно на Твитер напиша дека состанокот со лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер и сопретседателката на Претставничкиот дом на Конгресот Ненси Пелоси, кој беше орагнизиран за да се укине блокадата на владата, бил само губење време.

„Претседателот стана и си замина. Уште еднаш бевме сведоци на испад зашто не го доби тоа што го сакаше. Милиони невини луѓе се пиони. Не е во ред. За неколку минти, удри по масата, па кога лидерот Пелоси рече дека не се согласува со ѕидот, тој стана и рече дека нема што да дискутираме“, изјави Чак Шумер, лидер на Демократите во Сенатот.

„Претседателот е бесчувствителен, мисли дека луѓето можат да бараат заем од татковицте. Но, не е така. Предзивика колатерална штета, и јас ќе инсистирам лидерот да зборува за тоа“, рече Ненси Пелоси, претседател на Претставничкиот дом на Конгресот.

Соработниците на Трамп ја опишаа средбата во поинакво светло.

„Демократските лидери се неподготвенидури и за преговори за решение на оваа делумна владина блокада, но и да зборуваат за кризата на јужната граница. Бараат повторно да се отвори владата пред да почнат какви било преговори“, вели Мајк Пенс, потпретседател на САД.

„Ова е криза, сериозна хуманитарна криза. Факт е дека ѕидовите се ефикасни. Каде и да поставивме ѕид, илегалната миграција се намали до 95%“, рече Кирстјен Нилсен, секретар за национална безбедност.

Речиси три недели, 800 илјади работници не добиваат плата поради несогласувањата на Белата куќа и Конгресот со демократско мнозинство кое одбива да го прифати барањето на Трамп за одвојување на 5,7 милијарди долари за граничната бариера. Решение се уште е на повидок, така што се големи шансите годинава да биде надминат рекордот за најдолг прекин на работата на сојузната влада кој изнесуваше 21 ден на преминот од 1995 во 1996 година, за време на мандатот на тогашниот претседател Бил Клинтон.

 

Маја Филдишев