Македонија со раст од 2,9% во 2019-та
Македонија годинава ќе забележи економски раст од 2,9%, додека в година растот ќе забрза до 3,2 насто, односно 3,3 во 2021- ва.Најновата јануарска прогноза на Светска банка е подобра за 0,2 процентни поени во однос на јунската од 2018-та. Во извештајот се вели дека економскиот раст забележан во изминатата година по изборот на новата Влада придонесе за ставање крај на политичката криза и подобрување на инвестициската клима во земјата...
Македонија годинава ќе забележи економски раст од 2,9%, додека в година растот ќе забрза до 3,2 насто, односно 3,3 во 2021-ва. Најновата јануарска прогноза на Светска банка е подобра за 0,2 процентни поени во однос на јунската од 2018-та. Во извештајот се вели дека лани се вратил економскиот раст, а со формирање на новата Влада завршила продолжената политичка криза и се подобриле очекувањата на инвеститорите.
Вашингтонските банкари во најновиот јануарски „Извештај за глобалните економски перспективи“ предвидуват забавување на глобалната економија до 2,9% во 2019-та, поради намалување на трговијата и на инвестициите.
„Во почетокот на 2018-та глобалната економија ја загуби брзината во текот на годината, а движењето би можело да биде уште поопасно оваа година. Бидејќи се интензивираат економските и финансиските тенденции за земјите во развој, би можел да биде загрозен напредокот во намалувањето на екстремната сиромаштија на светот. За да се задржи моментумот, земјите треба да инвестираат во луѓето, да поттикнуваат сеопфатен раст и да изградат флексибилни општества“, изјави Кристалина Георгиева, извршен директор на Светска банка- Вашингтон.
Според извештајот се очекува растот на БДП по глава на жител во земјите во развој да биде недоволен за да се намали јазот во приходите во однос на напредните светски економии. Анализата покажала дека заострувањето на условите за позајмување и зголемувањето на трошоците може да доведе до забавен раст кај многу економии во развој.
„Робусниот економски раст е од суштинско значење за намалување на сиромаштијата и зајакнување на заедничкиот просперитет. Со оглед на тоа дека изгледите за глобалната економија се помрачуваат, зајакнувањето на планирањето за непредвидени ситуации, олеснувањето на трговијата и подобрувањето на пристапот до финансии ќе биде од клучно значење за заживување на растот“, вели Чејла Пазарбашиоглу, заменик- претседател за рамномерен раст, финансии и институции во Светска банка- Вашингтон.
Од регионот највисок раст од 4,5% се очекува од Косово. За Албанија се прогнозираат 3,6 насто, Србија 3,5 Босна и Херцеговина 3,4 додека најслаб раст од 2,8% се очекува да имаат Црна Гора и Хрватска.
Свето Николовски
