ЕКОНОМИЈА
Ипард 2 на располагање на земјоделците
10.01.2019 22:56
25 милиони евра им стојат на располагање на земјоделците. Течат роковите за поднесување барање за пари од ИПАРД 2 програмата. За средства, наменети за инвестиции во преработувачката индустрија може да се аплицира до 29 месецов, и за нив се предвидени 13,2 милиона евра. До 9 февруари, пак, може да се поднесуваат барања за инвестиции во земјоделските стопанства, вкупно се одводени 11,8 милиони евра.

Од првиот повик се склучени повеќе од 930 договори во вредност од 18 милиони евра. Од Агенцијата за финансиска поддршка велат дека осовременувањето на земјоделството во Македонија е клучно за создавање домашни производи со додадена вредност, а кои ќе бидат конкурентни на странскиот пазар.
Од ресорот посочуваат дека годинава акцент ќе биде ставен на информирањето на земјоделците. Јавната кампања ќе трае година ипол.
Дијана Ценевска
