БИТОЛА

Ортопедија полна со луѓе со скршеници

10.01.2019 23:02

Скршениците го преполнија битолското ортопедско оделение. Потешките пациенти се сместуваат на слободните кревети на физикалното оделение.

Пациентите со тешки скршеници го исполнија капацитетот на битолското ортопедско оделение. Новопримените пациенти се сместуваат на слободните кревети во физиканото оделение. Снежниот и ладен бран за 50 -десет поско ги зголеми пациентите кои паднале и скршиле екстремитет или карлицата.
Битолските ренгелози и ортопеди  работаат со полн интензитет. Големите наслаги од снег и мраз за 50 -десет посто го згелемија бројот на пациентите  со скршеници. Една од нив е и 76 годишната Драгица Шопова. Вели се лизнала пред влезната врата а последиците сериозни.
„Оперативниот зафат траеше окулу пет часа. Пордиди тешката операција ме префрлија и на интензивна а сега еве повторно сум на отопедија“ вели повредената Драгица Шопова.
Најголем дел од пациентите се над 60-сет годишна возраст со скршеници на екстремитетите или карлицата велат од клиничката болница
„Капацитетот  на ортопедското оделение е максимално исполнет сега потешките пациенти ги сместуваме на слободните кревети од физикалното оделение. И понатаму остануваме мобилни“вели потпаролот Сузана Коневска.
Битола буквално е окована во снег. Со новонаварнатиот снежната покривка во градот е над 40 -риесет сантиметри.
,,Сообраќајниците од прв и втор приоритет се главно чиси.Проблем прават споредните улици.Под новонаврнатиот снег има завидни количини на мраз.
Граѓаните споро се движат а таксистите не се расположени да возат кон повисоките населби
,,Секаде е тешко да се вози посебно по сокаците и на повисоките населби како Бајро или Нова Битола,, вели еден таксист
,,Мразот е преопасен посбно за нас што сне во години.Досега неколку пати паднав но за среќа бес поголеми последоци ,,вели повозрасен битолчанец.
За оние кои треба да отпатуваат надвор од градот во пладневната информација на Македонија пат се вели дека на планинските превои Плетвар,буково и Пресека нема забрани за возење едимствено засега забрана за дбижење има на планинскиот превој Ѓавато.
 
Стевче Митревски