СОБРАНИЕ

Протести пред Собрание вторт ден

10.01.2019 23:05

Продолжи протестот пред законодавниот дом на поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“. Негодуваат за уставните измени, промената на името на државата и обвинуваат за предавство. Бараат распуштање на собранието и распишување нови избори на кои, како што велат, не треба да учествува премиерот Заев.

Според  демонстрантите , ова е  последна шанса да се спротивстават на бришењето на македонскиот народ,  јазикот, идентитетот и на традицијата..

Демонтстрантите најавуваат порадикални методи ако не успеат демократските протести. Се закануваат со граѓанска непослушност. Околу Собранието е видливо зголемено присуство на полицијата..