Агенција за филм
Филмот на Теона Стругар - Митевска во главна конкуренција на берлинскиот филмски фестивал. Ова е првпат македонски филм да учествува на еден од трите најпрестижни фестивали во светот. На 11 декември пристигнала официјалната покана, комисијата го опишала филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ како прекрасен. За Лабина Митевска ова е огромен успех. Вели дека се работело макотрпно и со голема посветеност. Очекува успех на берлинскиот фестивал и со тоа да се подигне квалитетот на македонската кинематографија.

Од агенцијата за филм велат дека по долгогодишна апстиненција и невидливост на македонската кинематографија за кратко време успеале конечно да се одмерат со најдобрите. Агенцијата, вели директорот Тозија, го препозна квалитетот на филмот и со 500.000 евра ја помогна неговата реализација.
Филмот се снимал 6 недели во Штип. ја раскажува приказната за млада жена која за Водици неочекувано се фрла во водата и успева да го фати крстот пред другите. Главната улога ја толкува Зорица Нушева. Филмот имал огромен интерес кај реномирани агенти за продажба и од април ќе се дистрибуира во Франција.
Викторија Милевска
