СВЕТ

Трамп повторно се заканиува, работниците на протест

11.01.2019 11:24

По посетата на јужната граница на САД, претседателот Трамп повторно се закани дека ќе прогласи вонредна состојба за да обезбеди финансиски средства за ѕидот со Мексико.

Одбива да го потпише законот за финансирање и повторно отворање на Владата доколку не бидат обезбедени 5,7 милијарди долари за поставување физички бариери долж границата меѓу двете земји  ЗА ДА СЕ  спречат мигрантските карвани, во кои според него, има криминални банди. Делумната блокада на работата на Владата трае веќе три недели, а 800.000 федерални службеници не примаат плата.  Во Вашингтон се одржа протестен марш против блокадата на администрацијата.