СВЕТ

Вучиќ и СНС разговараа за вонредни парламентарни избори

11.01.2019 11:26

Српскиот претседател и воедно претседател на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ на состанок со околу 3.000 членови на Извршниот одбор и на белградскиот одбор на партијата.

 Една од темите се и вонредните парламентарни избори. Вучиќ потенцирал дека иако одлуката не била едноставна, на прво место требале да се гледаат пошироките интереси на Србија. На состанокот се разговарало и за претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин и за економски теми. Опозициските партии се заканија дека ќе ги бојкотираат изборите доколку се случат, се додека не се обезбедат фер и слободни услови, како и правична застапеност во медиумите,. Ова се дел од барањата на граѓанските протести во Белград кои се оддржуваат секоја сабота.