СВЕТ
Рекордни количества снег во неколку земји
11.01.2019 11:28
Рекордни количества снег и натаму го отежнуваат секојдневнието во голем дел од Австрија, Германија и Чешка, а метеоролозите најавуваат нови врнежи снег.

Во Австрија досега загинаа седум луѓе, а во Баварија настрада деветгодишно дете од удар на дрво кое паднало поради тежината на снегот. Во Германија загина и пензионер кој се обидвал да го исчисти покривот. Спасувачките екипи успеале да спасат деветмина туристи од источна Европа кои не се придржувале до прописите за движење по обележани патеки поради опасност од лавина. Поради снежното невреме, во дел од Чешка е прогласена вонредна состојба.
