СВЕТ
Ватикан формираше спортска екипа
11.01.2019 11:30
Ватикан формираше официјална спортска екипа од 60 спортисти, вклучувајќи свештеници, калуѓерки, припадници на Швајцарската гарда. „Атлетика Ватикан“ е поврзана со Италијанскиот олимписки одбор (ЦОНИ) и ќе може да учествува на меѓународни спортски настани.

На 20 јануари ќе учествува во десеткилометарската трка во Рим во чест на маратонецот Мигуел Санчез, еден од групата наречена „Исчезнатите“, лица кои биле киднапирани за време на воената диктатура во Аргентина, татковината на папата Франциск.
