СВЕТ

Средба Меркел – Павлопулос

11.01.2019 14:31

„Резултатот не е добар само за иднината на вашата соседна земја, туку, според моето мислење, добро е и за Грција и за сите нас во Европа да има важна разврска, но за тоа е предуслов храбриот пристап, рече германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос“.

Претседателот на Грција воопшто не го спомна Договорот од Преспа, ниту пак говореше за т.н. грчки национални прашања. При дводневната посета во Атина германската канцеларка оствари средба и со грчкиот председател Алексис Ципрас. Според Меркел "договорот за името со Северна Македонија е јасен и ѝ овозможува на земјата да влезе во ЕУ и НАТО.

Ова не само што ќе биде од корист за Северна Македонија, туку исто така ќе и помогне на Грција, бидејќи дефинира како се развиваат односите и ни овозможува да ја обликуваме нашата стратегија на единство. Ова е причината зошто даваме европска перспектива за земјите од Западен Балкан за нивен напредок.

По вчерашниот состанок со Меркел, Ципрас  истакна дека договорот меѓу Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија за спорот може да биде "модел" за решавање на проблемите во регионот.

Преспанскиот договор е значаен чекор напред за стабилноста, безбедноста и развојот во регионот. Верувам дека ова може да биде" модел "за можни договори, заемно прифатени договори, во иднина  за решенија во регионот бидејќи ако не се наметнуваме еден на друг, постои можност да се оди напред.

За време на посетата на Меркел се одржаа протести во главниот град на Грција, при што дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, која одговори со солзавец . Учесниците на собирот ја обвинуваат канцеларката за клучната улога во осиромашувањето на народот.

Ангела Меркел не е добродојдена во нашата земја , како и сите креатори  на политиките од Европската унија  кои деградираа грчкото опшество. 

Нејзината посета е уште еден предизвик , без разлика што владата на Ципрас се обидува ТОА ДА ГО ПРиКРИЕ. Пред четири години, Ципрас и велеше  да се врати во Германија, а кога формираше влада  стана послушник на Европската Унија и наредбите од Германија.

Во Атина се собраа неколку илјади демонстранти, поради рестриктивните економски политики на унијата кон Грција што траат веќе една деценија.

Марина Стојанова Тонева