Споредни улици Битола
Кординирана акција на битолските јавни претпријатија за чистење на натрупаните со снег и мраз споредни улици.

Од вчера попладнето мобилизирана е целокупната механизација на битолските јавни претпријатија за да се исчистат споредните улици. До изутрината исчистена е 70-десет посто од споредната патна инфраструктура. Најкритично сеуште е на битолскиот Баир. Надлежните велат акцијата ќе продолжи и во претстојниот викенд
Лошата состојба со споредната патна инфраструктура и добиениот публицитет ја мобилизираа целокупната механизација.
„Кординираната акција на јавните претпријатија за расчистување на споредните улици започна вчера попладнето. Велат дека до утринава се расчистени 70-десет посто од улиците“.
Се работеше цела ноќ.Граѓаните велат се забележува сработеното но за жал кај многу сограѓани попушта свеста.
„Се забележува ама и ние не сме луѓе. Ете гледате како повторно некои од дворовите снегот го фрлаат на улица“, вели една битолчанка.
„Машината доцна синоќа помина и во нашата улица но имаше многу паркирани возила и покрај апелот да се отстранат“, вели нејзин сограѓанин.
Иако чистењето на споредните улици не е дел од оперативниот план општината се потрудивме граганите да имаат подобар пристап.Неисчистено и најкритично е во баирската населба велат од ЈП Нискоградба.
„Поради тесните улици неможевме синоќа да реагираме. Таму ќе продолжиме викендов. ЈП Нискоградба за прв пат од своето постоење со целата механизација и човечки ресурси го направи она што ниедна гарнитура досега не го направила со споредните улици“, вели директорот на ЈП Нискоградба Методи Силјановски.
Да се помогне на грашаните но и да се олесни работата на сопствената основна дејност.
„Во интерес ни е да ги ослободиме контејнерите од наметите со нснег за да го исчистиме сметот.И ние не можеме да одговориме на задачите во населбата Баир но се надевам дека со следната акција и тука ке пробиеме“, вели директорот на ЈП Комуналец Панде Богоевски.
Инаку во тек е и собирањето на снегот од широк сокак и градското шеталиште и се фрла во реката Драгор.
Стевче Митревски
