ДЕМАНТ
Соопштение за јавност
11.01.2019 16:06
Во неколку електронски медиуми објавена е дезинформација дека просториите на Македонската телевизија се поплавени и дека постои опасност од пожар.

Ве известуваме дека поплавените простории се под надлежност на Министерството за внатрешни работи и Службата за општи и заеднички работи.
Работата на Македонската радио телевизија се одвива непречено и во нормални работни услови.
