ИПАРД 2

Финансирање од првата мерка со ИПАРД 2

14.01.2019 11:00

До 9-ти февруари земјоделците можат да аплицираат за финансиска поддршка од ИПАРД 2 огласот. Во него, мерките со кои ќе се кофинансира растителното производство се однесуваат за сите култури освен за тутунот. На овој повик нема да се финансира и набавката на трактори.

Во ИПАРД 2, мерката за растителното производство се однесува за одгледувањето на житарици, индустриски и градинарски растенија, овошните и лозовите насади,трпезното грозје и маслинките.
Во сточарството се финансира одгледувањето на говеда, свињи, овци и кози, бројлери и несилки.
Прифатливи инвестиции исто така се и изградба или реконструкцијата на објекти и фарми, оранжерии, складови за чување на храна и храна за добитокот, амбари или силоси.
Пари ќе има и за магацини, ладилници, калибратори и пунктови за продажба.
Ќе се финансира и подигнување на повеќегодишни насади, инвестиции во наводнувањето, во бунари и во ситстемите капка по капка.
Најниската вредност на вкупни прифатливи трошоци е 3.000, а максималната до 1.500.000 евра.
Финансиските средства се доделуваат како неповратна финансиска поддршка од 60 до 70 проценти доколку се работи за млад земјоделец или инвестиции во планинските подрачја.
Набавката на трактори нема да се субвенционира.

Методија Трајков