САД

Трамп со закани за Турција поради Сирија

14.01.2019 11:02

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја уништи турската економија ако Анкара почне воена офанзива против курдските борци во Сирија.

На Твитер побара воздржаност и од Курдите и додаде дека ќе се воспостави безбедносна зона од 30 километри. Тензиите меѓу двете земји се зголемени по најавениот план за повлекување на американските трупи од Сирија. Анкара ги осудува САД поради воените односи со курдските Единици за народна заштита, кои се главен сојузник во војната против Исламска држава. Според Турција, ЈПГ и неговото политичко крило Демократската партија на единството (ПЈД) се терористички групи поврзани со забранетата Работничка партија на Курдите (ПКК).  Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган возврати: „Фатална грешка е да се поистоветуваат Курдите со ПКК кои се на тероритичката листа на САД “.