ФРАНЦИЈА

Макрон почнува национална дебата за кризата

14.01.2019 11:04

Францускиот претседател Емануел Макрон отвора национална дебата во која ги повикува сонародниците да му дадат предлози со кои ќе запрат кризата и протестите на „Жолтите елеци“.

Во писмо до граѓаните потенцира дека големата национална дебата која ќе трае до 15 март, нема да биде ниту избор, ниту референдум. Дискусиите ќе се фокусираат на четири главни теми: оданочувањето и јавната потрошувачка, организацијата на државата и јавната администрација и услуги, еколошката транзиција и демократијата и граѓанското општетство.