ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
Османи на брифинг со амбасадорите на ЕУ
14.01.2019 15:00
Заменик- претседателот на Владата, Бујар Османи на брифинг со амбасадорите на земјите- членки на Европската Унија во Македонија.

Реферирал за имплементацијата на договорот од Преспа со носењето на уставните амандмани во Собранието. „Успеавме да ги затвориме буквално сите отворени политички прашања, оставајќи простор за поширока и подлабока имплементација на реформскиот процес“ истакнал Османи. Според вицепремиерот, имаме сериозен напредок практично во сите области од планот 18. Османи изразил надеж дека поддршката од Брисел ќе резултира и со конкретни резултати што ќе биде преточено во старт на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.
