ВМРО-ДПМНЕ
„Власта слави, Македонскиот народ е разочаран“
14.01.2019 15:02
Само Зоран Заев и СДСМ може да слават дека ги промениле името на државата и идентитетот. Македонскиот народ е разочаран поради губењето на името, идентитетот, историјата и културата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ и Заев спротивно на јасно искажаната волја на македонскиот народ на референдумот тргнаа насилнички да го спроведуваат капитулантскиот договор од Преспа. СДСМ и Заев покажаа дека немаат никаква врска со европските вредности. Корупцијата го достигнува својот зенит, економијата тоне, a граѓаните стануваат се посиромашни. Заев и СДСМ ќе ги снајде казната, токму од македонските граѓани чии одлуки сега не ги почитуваат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
