ВЕВЧАНИ

Вевчанскиот карневал заврши

14.01.2019 16:35

Вевчанскиот карневал заврши со василичарски ора и со палење на маските. Изработени беа повеќе од 1.000 поединечни и групни маски.

 Карневалот ја отслика состојбата во нашата држава- промената на уставното име беше највпечатливата маска. Илјадници вевчанци иако шеговито, сепак упатија сериозни критики за политиката во земјата. На карневалот се појави тимот на специјалното јавно обвинителство, комисијата која ја доделува нобеловата награда на премиерот Заев. На тапет беше и ветувањето за најниската плата од 500 евра.  Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот со единствена симболика и традиција која се негува повеќе од 14 века.