ВАСИЛИЦА

Православните христијани ја слават Василица

14.01.2019 16:37

Православните христијани кои се водат според јулијанскиот календар ја дочекаа православната Нова Година.

Таа почнува денеска со Василица. Во многу семејства вчеравечер се кршеше погача со паричка за среќа. А во црквата „Свети пророк Илија“ во скопската населба Аеродром, изутрината се служеше литургија на Свети Василиј Велики и молебен за почетокот на новото лето господово, со која чиноначалствуваше неговото блаженство, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.