ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Да се заштити добитокот од студот

15.01.2019 12:49

Нема опасност од ниските температури за земјоделските посеви, овошките и за лозјата велат експертите, но за добитокот треба да се преземат соодветни мерки. Животните треба да се чувааат во шталите и да имаат доволно храна и свежа вода за пиење.

Навреме да се обезбедат храна и вода во доволни количества за потребите на сите животни во одгледувалиштето за најмалку две недели. Ова го препорачува Агенција за храна и ветеринарство на сточарите поради ниските температури и снегот кои ја зафатија земјава.
Храната треба да е со соодветна хранлива вредност за видот на животните кои се чуваат во одгледувалиштето.
Нетреба да им се дава смрзната храна, и треба да се зголеми вообичаената дневна доза, особено за гравидните животни за да можат да ја одржуваат телеснатa температура.
Треба постојано да се обезбеди свежа вода за пиење која е на соодветна температура бидејќи животните не можат, и не треба самите да се напојуваат со мраз или снег.
При појава на екстремно ниски температури со силен ветер и снег добитокот  треба да се чува затворен во шталите, или во соодветно засолниште.
Особено внимание треба да им се посвети на помалите и единките кои се болни или повредени.

Методија Трајков