АЛБАНИЈА
Рама: Поддршка за договор меѓу Белград и Приштина
15.01.2019 13:41
„Албанија го охрабрува постигнувањето финален договор меѓу Белград и Приштина“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

Потенцираше дека спогодбата треба да резултира со признавање на Косово и негово одделување од историјата со Србија. Рама нагласи дека Косово било ослободено од САД и од ЕУ, а не од албанскиот претседател, така што овие две страни имале право и задача да ги мотивираат и Србија и Косово да постигнат конечен договор.
