ИРАН

Лансираниот сателит не стигна во орбитата

15.01.2019 13:43

И покрај критиките од САД, Иран лансираше најмалку еден сателит, но тој не стигна до орбитата.

Ракетата која го носеше сателитот „Пајам“ не ја достигна неопходната брзина во третата фаза од лансирањето, иако првите две етапи поминале успешно. Вашингтон го обвинува Техеран дека со лансирањето сателити ја прекршува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која Техеран се повикува да не презема активност во врска со балистички ракети кои би овозможиле развој на нуклеарно оружје.