Доделени Оскарите по 86-ти пат
03.03.2014 09:45
Завршија долгоочекуваните Оскари. Се помина во најдобар ред па и оскарите беа доделени онаму каде што навистина припаѓаа

Оскарот за најдобар филм го доби филмот „12 години ропство“, „Гравитација“ освои најмногу Оскари победувајќи во седум категории, а најдобри актери се Кејт Бланшет и Метју Меконахи.
Драмата за ропството „12 години ропство“ е прогласена за најдобар филм на доделувањето на 86-те награди на Американската академија и истовремено на Лупити Нионго и донесе Оскар за најдобра споредна женска улога, како и награда за најдобро адаптирано сценарио на Џон Ридли. Режисер на филмот е Стив Меквин.
Оскар за најдобра машка улога доби Метју Меконахи за улогата во филмот „Бизнис клуб Далас“ додека неговиот колега од филмот, Џаред Лето доби Оскар за најдобра споредна улога.
За најдобра актерка прогласена е Кејт Бланшет за улогата во „Несреќна Џасмин“, филм во режија на Вуди Ален.
Оскар за најдобра режија доби Алфонсо Куарон за филмот „Гравитација“.
Оскар за најдобар филм вон англиско говорно подрачје доби „Голема убавина“, во режија на Паоло Сорентино.
Најдобар анимиран филм е прогласен „Замрзнатото кралство“. Оскар за најдобро оригинално сценарио доби филмот „Таа“.
