СЛУЖБЕН ВЕСНИК

„Вчера се објавени и двата закона“

15.01.2019 14:49

ЈП ,,Службен весник на Република Македонија “ соопшти дека во бројот 7 од вчера биле објавени законот за ратификација на договорот од Преспа и законот за употреба на јазиците, со препис заверен од спикерот Талат Џафери.

Двете објави се во согласност со член 52, став 2 од Уставот на Република Македонија според кои   законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од 8  дена од денот на нивното донесување, се вели во соопштението  на  ЈП „Службен весник на Република Македонија“.
Од таму велат  дека нема да дозволат мешање на политиката во нивното работење и нарушување на угледот  и дека  секој е должен да го почитува уставот и законите  и  затоа  оваа институција, која е со закон овластена да ги објавува прописите во РМ, своето работење секогаш го остварува во рамките на уставот и законите и само ја исполнува уставната обврска,се вели во писмената реакција на Службен весник.