Парламентот го одби договорот на Меј за Брегзит
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск му предложи на Обединетото Кралство да остане во ЕУ откако договорот на британската премиерка Тереза Меј доживеа фијаско со 432 гласа „против“ и 202 „за“.

Резултатот се смета и за најголемиот пораз на владејачка гарнитура во историјата на земјата и поради тоа што предлогот на премиерката не доби зелено светло ни од 118 членови од редовите на нејзината Конзервативна партија.
Владата слушна што има Домот да каже, но ги повикувам пратениците од сите страни да го слушаат народот кој сака да се реши прашањето. И да соработуваат со владата за таа цел.
Лидерот на опозицијата Џереми Корбин бара гласање недоверба, шкотската премиерка Никола Старџен одржување нов референдум за Брегзит, а политичките опоненти на Меј – нов договор.
Членот 50 мора да се прошири. Часовникот мора да запре за да се отстрани ризикот за Обединетото Кралсво без договор. Време е да го запреме одбројувањето на часовиникот и да го спречиме секој ризик за истапување на Велика Британија без договор на 29 март. Време е за тоа граѓаните да решат на нов референдум. Британската премиерка Тереза Меј не смее да се однесува како ништо да не се случило.
Јасно е што треба Меј да стори. Договорот е готов, мртов. Ни треба нов и подобар. Мора да направи нешто што ќе ни овозможи да имаме придобивка од Брегзит. Нови т5рговски договори, наши закони. Време е.
Доколку го преживее гласањето, Тереза Меј има рок до понеделник да изнесе нов предлог. Доколку не биде постигнат нов договор, Обединетото Кралство на 29 март ќе мора да излезе од европскиот блок под услови коишто се категоризирани како „тврд Брегзит“.
