Ивановски и Самак привлекуваат инвестиции од ИТ секторот и филмската индустрија во Лос Анџелес
03.03.2014 09:56
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, заедно со министерот без ресор Веле Самак, денес во Лос Анџелес пред голема група бизнисмени ќе ги презентираат можностите што Владата на Република Македонија ги нуди за странските директни инвеститори.

Најголем дел од пријавените се од ИТ секторот и филмската индустрија. По завршувањето на презентацијата закажани се поединечни средби со високи претставници од компанијата Walt Disney, како и посета на Warner Brotheres Studio, во рамките на која ќе остварат средби со претставниците од оваа компанија.
Целта на средбите е директно да се промовираат бенефециите што македонската Влада ги нуди на заинтересираните што ќе одлучат да снимаат филмови на територијата на Република Македонија, со намера да се привлечат овие два гиганта од филмската индустрија да работат во нашата земја.