Привршува рокот за аплицирање за ИПАРД 2
Наместо до 14-ти како што беше предвидено, земјоделките фирми ќе можат да аплицираат до 29 јануари за парите од ИПАРД 2 програмата. На јавниот оглас кој е во тек земјоделските фирми можат да искористат 13,2 милиони евра. Вториот оглас е наменет само за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, а ко-финансирањето е до 50 проценти од одобрените трошоци.

Фирмите и земјоделските задруги можат да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, со што 50 проценти од инвестицијата ќе им биде кофинансирана со неповратна финансиска поддршка.
Оваа мерка се однесува на инвестиции во преработувачки капацитети за млеко, месо и нивни производи, јајца и живина, овошје и зеленчук, житарици, мелнички продукти, растителни производи и вино, како и производство на енергија преку погони за преработка.
Дополнително, финансиската поддршка се зголемува за 10 проценти доколку се работи за инвестиции во објекти и опрема да се подобри енергетската ефикасност, производство на био-енергија од обновливи извори или третман на отпадни води.
Крајниот рок за поднесување на барањата наместо до 14-ти ќе трае до 29 јануари, дополнителен период кој ќе овозможи, стопанствениците да ги соберат сите потребни документи за да подготват квалитетни проекти.
Методија Трајков
