СИРИЈА

Израел напаѓа ирански цели околу Дамаск

21.01.2019 11:16

Израелската армија соопшти дека погодила ирански цели околу сирискиот главен град Дамаск , неколку часа по лансирањето на ракета кон северните делови на Голанската висорамнина, кои се контролирани од Израел.

 Во нападот загинале четири лица. Одбранбените сили на Израел сакале да уништат арсенали со муниција и во близина на меѓународниот аеродром. Потврдија дека десетина сириски проектили копно-воздух биле лансирани и покрај предупредувањата да се избегнува таква операција.